Глас

За тоа што траело и ќе трае вечно - за Бога и Македонија!
Showing posts with label Писма. Show all posts
Showing posts with label Писма. Show all posts

Thursday, April 7, 2011

Крушевски Манифест

Браќа земљаци и мили комшии!

Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.

Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си ја кладофне главата в торба, за да заживејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои.

Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имото, живото, верата и честа, ние сне зеле пушка.

Ние не сне муртати на сфојата земја, шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството: ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите и јанкесеџите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатират нашио труд. От нас, и от нашите села да не се плашите - никому зијан не ќа сториме.

Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!

Елате, браќа мусљумани, при нас да тргниме протиф вашите и наши душмани! Елате под бајрако на “Афтономна Македонија”! Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи!

Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!...

Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите, оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскио бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќа се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајрако за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. “Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашио крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање. Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале досега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!

Нека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата!

Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!

Ура! За “Афтономна Македонија”!

Автор:Темко Попов/ Писмо до Деспот Баџовиќ

Драги Деспоте,

Во предговороф на ова писмо ќје ти предизвестам, оти ја кје се помачам да ти пишам, колку је можно, на наше наречие замствајки оние речи, кои ја и незнам, со блгарски. Шчо да се чинит инака, Деспоте! Нашето наречие кога можело да диктира на другите славјански наречиа, останале наисиромашко и, како питач, соружит рака било на блгарското, било на српското и дури на Руското! Не отричам ја оти своите славјански наречиа, се сходни помегу си и оти природно је да се взаемеет едното от другото, а не до вакво дередже (дже - не знам како се пишит) до кое е дошло нашето кутро наречие, шчо да не можит чоек да си искажит мислите, без да употребит блгарски речи, ако тој имат живено у блгарско, српско - ако у српско. Вистина, нашево наречие, како најсходнос о српското требит од него да црпит оние речи, кои ги немат у речникот си, но каде ни је нашиот речник, каде се нашите филолози, кои да может да се завземеет со овај важен вопрос т.ј. да ни составеет граматика и други најнужни учебници, барем за основните училишча? Немајки наши филолози, каде се српските, кои да знает нашево наречие и да сочинеет овие елементарни необходни книги со такво научно безпристрастие штото тамо само да употребеет српски, вместо дополнителни, каде неможеет да најдеет Македонски речи, а и да се водеет от слеп патриотизам и, вместо да составеет македонски учебници, да сочинеет чисто српски.

Да не се лажиме, Деспоте, националниот дух у Македониа до такво дередже денеска је стигнал, штото и сам Исус Христос ако слезит от небоно неможит да го уверит Македонеца, оти је блгарин или србин, освен оние Македонци у кои веке пропагандата блгарска се имат вкоренено. За да се увериш ти во ова нешчо требит да земеш блгаризма пред очи. Блгарската пропаганда ево веке се чинеет 20 години, каде работат у Македонија, во најслепите времина, кога грцизмот - сосвем чужда нациа, беше зафатил да се фкоренвит во срцето Македонско; и Македонците кога видоа зрак от славјанизам, фрлиа се, као слепи во пазуите му, без да пулеет на разликата му. Стигаше за ними шчо се откинаа от грцизмот. Но шчо да чинат сега т.ј. после двадесет години блгарски маки, акимлаци и немилосни парични жертви?

Се чинит она, Драги ми Деспоте, шчо е природно, но за блгарите неочекувано т.ј. сега секој македонец признава, оти тој не је блгарин и гласно исповеда својата нациа, ако и да се ползувеет ушче от блгарски срества, немајки, разуме се, свои.

После, от како вигаме ние оти блгаризмот пропадат вака ужасно, можно ни је да се вервит, на некаков успех за распространенјето на друг, какоф и да је тој, славјански јазик? Ја не вервам, а таа исто не вервам и ти да вервиш. Зато ние, Драги ми Деспоте, бефме зафатиле ушче од лани и дори от олим-лани да препорачааме да се отвореет македонски училишча со ова наречие, штото колку је можно да се искоренвеет блгаризмите, кои се имеет пикнато от отворанјето на блгарските училишча во Македониа, и да се замествеет со поприродните т.ј. српските. Мене никој не може да ме разубеди оти по инакоф начин можеат да се збратимосеет овие два братски народа и јазика. Најглавната работа је Македониа да се помакедончит.
Ваш пријателј
Т. Попов

Monday, January 31, 2011

Петар Манџуков до Костадин Кирков – 1898 г.

Драги Костадине,

Ропството наше можеби немаше да биде толку тешко ако во нашите работи не се заплеткаа секакви пропаганди, кои под името на „браќа” и „доброжелатели” го разединуваат брат од брат и ги предизвикуваат Турците да вршат најголеми злосторства. Тие наши „браќа” прават се’ да го оневозможат единството на нашите слободољубиви сили. И што стана од сите такви пропаганди: дури и вистинските синови на нашата земја, оние што навистина не ги жалат животите да ги приложат на олтарот на Татковината, често погрешно мислат дека ослободувањето на Македонија не може да се замисли без замешувањето на оваа или онаа држава. Тие се определуваат за овој или оној народ, а го забораваат својот. Наместо да ги здружат силите во корист на својот народ и заеднички да се борат да го ослободат од ропство, тие не можат да се спогодат на кого треба да му служат.
Ние знаеме, драги Костадине, дека нашата татковина се разликува по населението од една Бугарија, Грција или Србија, кои се еднонародни земји. Кај нас се настанети повеќе народности и вери. Кај нас има Македонци, Грци, Власи, Турци, Евреи, Албанци, па и по некој Ерменец, а за Циганите да не зборуваме. Затоа ние ќе мораме да водиме сметка за тој факт и нашата борба да ја усогласиме со интересите на сите тие народности. Тоа можеме да го постигнеме само тогаш кога сите тие народности ќе разберат дека слободата не е во тоа како државата се именува, туку кој ја држи власта во неа. Тогаш и нашите муслимани ќе разберат дека не се слободни во турската држава, како што не се слободни Македонците. Во турската држава владеат беговите и агите муслимани, заедно со македонските чорбаџии, на кои исто така им е добро во турската држава како и не беговите, па меѓусебно се почитуваат и ги гонат бедните луѓе.
Драги Костадине,

Јас сметам дека македонскиот народ во ваквата сегашна положба не може да се ослободи за едно востание, кога се знае дека против себе ќе ја има не само Турција туку и Европа, а да не зборуваме за балканските држави. Јас, а и другарите од МТРК не сме против востание, како што тоа го мислат луѓето од внатрешноста. Ние сме за востание, но кога ќе бидеме убедени дека тоа ќе успее, а не само да го изложуваме целиот наш народ на една кланица. Ние сакаме да ги жртвуваме своите сопствени, а не народни животи за создавање на услови за едно широко востание и ослободување на нашиот народ. Ние сакаме повремено да предизвикуваме судир со турските башибозуци и со нашата крв да го свртуваме вниманието и симпатиите на „човекољубивата” Европа и да ја придобиеме во едно наше востание ако не помага, барем да не биде против нас.
И така, македонското прашање ќе може најдобро и најскоро да се реши само ако ние предците Македонци се кренеме и постојано предизвикуваме безредија. Впрочем, нашиот спас е во револуцијата! Затоа запознај ги нашите другари со ставот на нашиот МТРК и шири ја неговата идеја. Кога јас ќе си дојдам, ќе имаме можност да зборуваме поопширно и да те запознам со напредните идеи на Европа. Ќе донесам со себе доста материјали, кои го објавуваме или сметаме да ги објавиме во интерес на нашата татковина.
А сега, до скоро видување. Примете срдечни поздрави ти и нашите другари од мене, вашиот искрен другар и пријател.

Петар Манџуков