Глас

За тоа што траело и ќе трае вечно - за Бога и Македонија!

Wednesday, January 26, 2011

Крстосницата

Отсекогаш  низ историјата, Македонија била раскрсница на Балканот, во која се вкрстувале главните патишта кои ги поврзувале северот и југот, истокот и западот. Во текот на XIX век Македонија сеуште го држи приматот на главен сообраќаен јазол на Балканот. Главната „магистрала“ која поминувала низ Македонија и ја поврзува Средна Европа со Егејско море, е патот кој од Ниш преку Лесковац, Врање, Куманово, Скопје, Велес стигнува до Солун. Овој пат ја сече Македонија на два дела, а во исто време и ја поврзува. Втора по важност „магистрала“ била Виа Егнација која Драч го поврзувала со Цариград. Истовремено Македонија била испресечена и со цела мрежа од сувоземни патишта кои во исто време ја поврзувале целата територија со соседните или подалечни земји, Сите тие штишта на некој начин се поврзувале со главните „магистрални патишта", а преку нив со Солун, Цариград, Ниш, Белград и натаму.
До седумдесеттите години од XIX век патните комуникации во  Македонија се наоѓале во многу лоша состојба. До изградбата на железницата во 1873 година, патувањето по патиштата низ Македонија која била во рамките на Отоманската империја, преставувало вистинска авантура. Еден од современиците на тоа време вели: „Со мирна душа, може да се рече, дека во Турција нема патишта, а може исто така да се рече дека ги има насекаде. Во рамниците ширината на јавните патишта не е определена и патникот може да се оддалечува лево и десно од патот според својата волја... Во шумите, во планините и насекаде каде што има пречки, патиштата се патеки нееднакви по ширина и кривулести... и се тешко проодни.“
Во турската држава не постоело тело кое би се грижело за одржувањето на патиштата. Патишта по кои можеле да се движат коли биле малубројни. Затоа коли за превоз на стока се употребувале само на блиски растојанија и тоа главно по рамниците. Правците на патиштата во Македонија зависеле од конфигурацијата на теренот и главно биле создадени од природата, а не од човечка рака. Патиштата кои биле трасирани од старите Македонци а подоцна и од Римјаните, биле запуштени, неодржувани и поради тоа во голема мера биле неупотребливи.
patuvanje-makedonija-1Патиштата не биле безбедни а се патувало долго дури и кога како превозно средство се користел коњот. Да се помине пат со коњ од Битола до Солун, преку Острово, Воден и Ениџе-Вардар, било потребно ден и пол или 35 часа, а од Битола до Скопје, преку Прилеп и Велес, околу 28 часа. Слично се патувало од Битола до Кожани, околу 31 час, потоа Битола Костур 16 часа, а да се стигне до Јанина биле потребни 56 часа. Од Битола за Скадар, како продолжение на патот од Солун се патувало со коњ вкупно 89 часа, слично како од Солун за Цариград, преку Сер и Кавала, за што биле потребни околу 108 часа. За да се стигне од Белград до Солун , преку Јагодина, Ниш, Куршумлија, Приштина и Скопје било потребно 130 часа или околу пет и пол дена.
Низ Македонија поминувале три патни правци кои го поврзувале Цариград со Балканот и Европа. Првиот од Цариград  до Сараево одел преку Татар Пазарџик, Дупница, Кустендил, Крива Паланка, Страцин,  Куманово, Врање и Приштина (240 часа). Вториот од  Цариград до Скопје одел преку  Кавала, Сер, Петрич, Струмица, Радовиш, Штип и Велес (130 часа) и третиот  Цариград - Скадар  преку Куманово - Скопје и Тетово (197 часа).
Зголемениот транзит на стока низ Македонија, потоа зголемената побарувачка на производи од земјата за потребите на земјите од Западна Европа, вклучувајќи ги тука воено-стратегиски потреби на Отоманската империја ги принудиле надлежните турски власти во втората половина на XIX век да започнат со изградбата на модерни патишта во Македонија. Најпрво започнале работите за обновување на патот од Солун до Битола во 1859 година а во 1865 година започнала изградбата и на поширок пат од Солун до Сер. Најголем дел од товарот за време на обновата и изградбата на овие патни правци го понеле месните жители кои биле принудени да кулучат или пак да плаќаат одредена тарифа за да бидат ослободени. Според податоците изнесени во „Историјата на железниците во Македонија„ Скопје 1973,  годишната тарифа изнесувала 40 пијастри на човек, 20 пијастри за коњ или маска и 10 за магаре.
Иако во втората половина на XIX век, особено по Берлинскиот конгрес (1878) турските власти посветувале поголемо внимание за обновување и изградба на нови патишта, состојбата со комуникациите значително не се подобрила. Работите при изградбата на овие патни правци одела многу бавно и била неквалитетна, така да  кратко време по завршените работи заради недоволната грижа за одржување, тие престанале да бидат погодни за јавен сообраќај,
Патувањето на луѓето на поголема далечина, заради небезбедните патишта и опасноста од ограбување, било уште поголем проблем отколку транспортирањето на стоката. Приклучувањето на патниците кон некој од формираните карвани било само еден од начините како безбедно да се стигне до посакуваната дестинација. Но не секогаш можело да се чека на формирање на трговски карвани за да се патува со голема придружба. Во таков случај на пат се тргнувало со придружба организирана од властите, но која пак не била доволна гаранција за сигурно патување.
На главните патишта низ Макеонија, на извесни растојанија, постоеле анови за одмор и преспивање на патниците. Бидејќи најчесто се патувало коњи, камили, мазги, магариња и биволи, поголемиот дел од престојувалиштата бил приспособен за сместување на добитокот. Во внатрешноста на зградата немало ниту прегради, ниту под, ниту мебел, така да луѓето и животните се сместувале заедно.
Во 1862/63 година познатите англичанки Мјур Макензи и А. Ирби, патувајќи низ Балканот ќе пропатуваат и низ Македонија. За своето патување низ Европска Турција тие во 1867 година ќе издадат книга. Во неа тие ќе ги забележат своите впечатоци за патувањето низ Македонија, кои во малку слободна интерпретација ќе бидат презентирани и во книгата за „Историјата на македонски железниси“  од 1973 години.
Еве како англичанките Макензи и Ирби го доживеала своето пропатување низ македонската земја.
„Никој нека не се обиде јавајќи по сонце да ја мине Солунската радмница. По неа врви новиот „царски" друм, лоша направа во вистинска смисла на зборот. Тој е лошо направен, полн е со дупки; летото е тврд како камен, а зиме каллив. Освен тоа тој е направен со насилство и кражба. Друмот излегува на Вардар каде шго се прави еден мосг и штом патниког се појави штиците се дигат и мајсторот не га спушта додека не му го плагите тоа што го бара.
На извесно растојание од Воден, на патот кон Битола, наидовме на некакви врати на кои се наплатува патарина и видовме како Арнаути га запираат патниците. Нас, бидејќи патувавме со бујурдија, не ни наплатија патарина, а нашиге стражари ни рекоа дека пагарина земаат само од „сиромасите". Дури откако човек ќе ги види овие стражари може да знае како арнаутската полиција го чува овој друм, односно како го прави опасен.
Далечината од Битола до Прилеп обично се смета на 6 часа и 6 долги часа требало да се полминат по прашливата полјана којашто га раздвојува овие два града. На овој пат може без страв од некоја несреќа да се помине на коли, а тоа е така многу.
Од Прилеп до Велес е 11-12 часа, Бидејќи преку Бабуна не се полминува со кола; тргнавме со коњи. Наместо ајдути сега нивните најблиски „роднини" - заптиите, држат една кула на највисокиот врв на теснината; тука патниците обично се одмараат малку откако се намачиле качувајќи се по лошиот турски пат...
Везир-ан лежи на подножјето на теснината и е најдобар ан кој го видовме во Турција; има еден горен кат, сигурни скали и ловеќе од една соба за гости; Уште повеќе, прозорците во најубавата соба беа од стакло...
Продолживме со кола но патот беше полн со грутки како некоја изорана ледина, а земјата, испечена на сонце, беше тврда како железо. Пропаѓањето и излегувањето од тие грутки со колата личешс на еден вид мачење.. Потоа се откажавме да патуваме со кола и така по вторпат (првиот пат беше помеѓу Цариград и Белград) заврши нашиот обид по внатрешноста на Турција да патуваме со коли.
Се ослободивме од колата, но како да патуваме натаму? Патот од Велес до Скопје врвеше преку една зажарена рамница. А дали да седнеме во кола која ја влечаг биволи како што е обичај овде? Но биволите се движат грипати побавно од најбавниот коњ. Во тој момент нашиот толкувач ни предложи: „да ви кажам како Турците га пренесуваат своите жени од едно место на друго и како сами патуваат кога се болни. Од дрво се прави „мала собичка" со врата и прозорци и се прицврстува на мотки. Коњите ја носат собичката, а по двајца луѓе одат отстрана да ја придржуваат..." Со други зборови не ни остануваше ншпто друго освен да патуваме на носила и тоа многу груби.“
Накратко вака изгледало патувањето низ Македонија во XIX век. Ако вака изгледало патувањето на овие две туѓинки кои посебно биле заштитувани од турските власти и следени од гавази и друга придружба, како ли тогаш изгледало патувањето на обичните македоски христијани, на обичниот Македонец.

Текстот е превземен од Македонска Нација

No comments:

Post a Comment