ИНТЕРВЈУ СО ПРОГОНЕТИОТ АЛБАНСКИ АКАДЕМИК ПРОФ. Д-Р КАПЛАН РЕСУЛИ- БУРОВИЌ
Расистичките мечтаења на Албанците се плод на нивната економска и културна сиромаштија
Професор д-р Каплан Ресули е познато име во албанската наука и култура. По неколку бурни децении поминати во Албанија, од кои најголем дел како политички затвореник на Енверовиот режим, веќе десетина ...
- Една од заблудите, за жал, се чини некако премолчно прифатена и надвор од Албанија е т.н. монолитност на албанската нација во Р. Албанија во која наводно живеат 97-98% етнички Албанци, за што претходно нешто веќе кажавте. Каква е, според Вас, реалноста на тој план во Албанија?
- Кога Албанија е прогласена и призната за независна држава (1912-13) нејзиното население изнесуваше 700.000 жители од кои едвај 50% беа Албанци, додека втората половина беа Власи (околу 20%), Словени (Македонци, Срби, Црногорци, околу 15%), Грци (околу 5%) и други (Турци, Роми, Черкези, Италијанци, Евреи и др., околу 10%). Со текот на времето, најмногу насилно, со негирање на сите национални права, па и правото да зборуваат на својот јазик на родните огништа или да го носат своето национално презиме, тие во извесна мерка се асимилирани. Но, и покрај таквата присилна албанизација, во Албанија и денес над 30% од населението зборува на неалбански јазик и ја чува својата неалбанска национална свест, иако се регистрирани како Албанци зашто поинаку не им се дозволува. Неалбанското потекло на жителите на Албанија е очигледно и од нивните пезимиња: Белло, Блусхи, Богдани, Буда, Буди, Дида, Добраци, Драговоја, Драгусха, Хавери(ќ), Каписузи(ќ), Мекси, Милани, Милосхи, Мојсиу, Музака, Најдени, Пеку, Прела, Рука, Силиљ, Скура, Схунди, Зиу и многу други.
- Во Вашите проучувања особено внимание имате посветено и на извршената етничка експанзија на Албанците во последните 2-3 века кон соседните (српски, македонски, грчки и др.) области, за кои сега, последниве неколку децении, токму нив да почнат да ги нарекуваат нивни "етнички територии" на кои наводно живееле од памтивек.
- Тоа е навистина апсурдно и, во секој случај, добро е што сепак се зачувани бројни докази за нивната неспорна експанзија, кои јас интегрално ги имам собрано и објавено во мојата студија "Потеклото на Албанците на Косово, во Македонија, Црна Гора и Грција". Треба да се биде објективен и да се каже вистината, не само заради вистината сама по себе, туку и затоа што таа ќе придонесе за надминување на многу проблеми на Балканот. Дека Албанците дури во последниве векови се проширија во соседните земји призна јавно, преку печатот, и најголемиот современ албански научник, академик проф. д-р Ељрем Цабеј кој притиснат од бројните аргументи не можеше, а да не констатира дека "сегашните територии на кои живеат Албанците не се зона на РЕСТРИКЦИЈА, туку зони на ЕКСПАНЗИЈА!" И не само тој! Тоа се потврдува и во самата ХИСТОРИА Е СХЉИПЕРИСЕ составена од самите албански научници.
- Неодамна од Тирана беа лансирани некакви "податоци" за постоење на 14 милиони Албанци. Меѓу многуте пак значајни "албанци" кои ја задолжиле светската цивилизација беше вброен дури и Александар Македонски!?
- Го прочитав и јас тоа. Албанскиот академик, проф. д-р Скендер Ризај еднаш дури во своите "науцни" дела објави дека и сите Срби, Црногорци, Македонци, Босанци и Херцеговци се, всушност, словенизирани Албанци. На тој начин, би требало да "признаеме" дека не се само 14 туку можеби и 140 милиони. Јас веќе објавив една студија за "научното" дело "Илирите зборувале албански - Албанците зборуваат Илирски" објавена од Прелоц Маргилјај. Би навел во оваа прилика само неколку куси цитати кои често можат да се сретнат и кај други албански историско-лингвистички "експерти":
"Албанците се еден од најстарите народи во Европа" (стр. 438) "веќе е јасно дека Крит е првото жариште на културата и цивилизацијата во егејскиот простор и во Европа. Крит од незапомнетите времиња на минатото беше населен со пелазгискиот, односно илирскиот или албанскиот народ, па на Крит владеел албанскиот јазик кој, со други зборови, е појдовната точка и првиот извор на европската култура и цивилизација" (стр.296). Поаѓајќи од ова, овој албански "научник" бара албанскиот јазик да се воведе по сите училишта во светот како задолжителен јазик зашто, според него, без познавање на тој јазик не би можела да се разбере светската култура(!?).
Во однос на Александар Македонски, инаку, и лично Енвер Хоџа пишуваше дека е тој Албанец, изнесувајќи го тоа и во еден разговор со тогашниот индиски амбасадор во Тирана, како божем лично тој, Енвер, да го пратил во Индија и тоа како амбасадор, за да воспостави пријателски односи меѓу овие две земји и народи.
Овие, несомнено расистички мечтаења на Албанците се сигурно плод на нивната економска и културна сиромаштија, на нивната заостанатост и задоцнет развој во однос на другите народи, меѓу кои и на соседите и, би рекол, на нивната фрустрираност поради сето тоа.
- Верувате ли, сепак, во можноста од страна на младите, неоптоварени научници и политичари во Албанија да биде прифатена реалноста и тие, откажувајќи се од големоалбанските соништа, да дадат свој прилог во развивањето вистински добрососедски односи?
- Верувам! Јас веќе ви наведов и неколку имиња на такви млади научници. Можам да ви наведам и имиња на млади политичари растоварени од големоалбанските мечтаења. Но, тие се уште немаат доволна моќ за тоа, освен своето перо и добрите намери, со кои не можат слободно да дејствуваат зашто албанскиот печат е нагласено цензуриран од големоалбанците, а по улиците на градовите, колку и да звучи неверојатно, за жал, се уште крстарат гангстери кои, во служба на албанската социјал-фашистичка банда, се подготвени секого да го удрат со цигла по глава или со куршум в чело!
- Веќе десетина години, како политички емигрант, живеете во Женева, Швајцарија. Имате ли впечаток дека т.н. демократска Европа и Западот, воопшто, ги разбира нашите балкански состојби?
- Демократска Европа, се плашам, барем во однос на нас, воопшто не постои. Антидемократската, пак, никогаш не ги разбирала, ниту сака да ги разбере нашите балкански тегоби. Европа била и во моментов се уште е единствено во служба на Капиталот. Нејзината "демокрација" е само израз на тој Капитал. Нашите балкански народи и состојби ги користи за свој пробив и завладување со светот, за своја борба против вистинската, реална демократија и нејзините носители.
- Согласно Вашето богато животно искуство, по се што во минатиот период се случи на Балканот, а што, за жал, кулминираше и со неколку крвави војни, сметате ли дека сето тоа, едноставно, мораше да се случи?
- Не! Никако не! Сето тоа можеше и може, па дури и треба да се реши без крв. Нека докажат Албанците дека и Москва е нивна, па нека им се даде и таа. Но се додека тоа не го докажат, не смее да им се даде ниту еден камен од нашите татковини, не само за да не ни го осквернавуваат, туку дури ниту со него да си ја разбиваат главата.
- За крај, верувам би било интересно да се чуе Вашето предвидување како работите би можеле да се одвиваат во непосредна иднина.
- Американците веќе ја постигнаа својата цел - на Балканот ги инсталираа своите воени бази. Да се надеваме дека веќе нема да го поддржуваат тероризмот и да ги употребуваат Албанците како топовско месо. А и Албанците, сигурно, во меѓувреме ќе се освестат и повеќе нема да дозволуваат Американците или кој и да е друг да ги употребува на тој начин. За тоа, се разбира, самопрегорно треба да помогнеме сите.
Се надевам дека за тоа ќе придонесе и ова интервју, за што најискрено ви заблагодарувам, не како туѓинец, туку како ваш брат, зашто Скопје секогаш сум го сметал за мое второ родно место, а Македонија за моја втора, вистинска татковина. Ја користам можноста најискрено да ги поздравам сите мои школски другари и другарки од Скопската гимназија "Ј. Б. Тито", како и персоналот на македонските амбасади во Женева и во Тирана со кои повеќе пати сум се сретнал и чувам прекрасни спомени од разговорите со нив, особено со донеодамнешниот ваш амбасадор во Албанија, Ристо Никовски. Се разбира, посебен поздрав и до моите другари и "соборци" од КПД "Идризово".
No comments:
Post a Comment