Глас
За тоа што траело и ќе трае вечно - за Бога и Македонија!
Thursday, April 7, 2011
Циркус Бугари (татари)
Според прогнозите на професорите од центарот на демографска политика во Бугарија за 40 години Бугарите ќе станат малцинство во сопствената држава. Според Петар Иванов во 2050 Бугарија ќе брои 5.6 милиони жители од кои 3.5 милиони Роми, 1,2 милиони Турци и 800 000 Бугари кои до 2075 ќе се намалат на само половина милион. Додека бугарските европратеници изиграваат "болни мајмуни" во европскиот парламент и бараат да биде признаено некакво бугарско малцинство и бугарска политичка партија во Македонија, Ромите и Турците им копаат гроб на Бугарите во сопствената држава.
Превентивни мерки презема Бугарската влада со тоа што им дава бугарски пасоши на Македонци,Молдавци,Руси,Ерменци и др. кои од најразлични причини а најчесто финансиски аплицираат за добивање бугарски пасоши. Но и тука приказната полека завршува. Притисната од европската унија Бугарија почна да одбива голем дел од апликантите кои имаа поднесено за бугарски пасоши. Полека и во Македонија се намалува интересот за вадење на бугарски пасоши откако македонија ја доби визната либерализација. 95% од Македонците кои имаат бугарски пасоши истите ги имаа извадено од финансиска причина и за да можат безвизно да патуваат во ЕУ а останатите 5% се изроди кои како и да е не беа и не се лојални граѓани на оваа држава и само служеа како шпиони на туѓа пропаганда во случајов Бугарската , која и тоа како е анти Македонска. Бугарските органи и служби полека почнаа да сваќаат дека огромен дел или процентуално околу 95% од странците што добиле Бугарски пасоши не чувствуваат ништо за нивната вештачка и бедна творевина наречена според "големото" азиско племе Бугари - Бугарија. Што се однесува до Македонците кои се одродија од сопствената држава и народ за неколку бедни бриселски евра казната ке ги стигне се надевам за брзо. Едноставно тие луѓе му ја продадоа сопствената душа на ѓаволот.
Како и да е Бугарските европратеници се крајно исплашени од исчезнувањето на нивниот вештачки народ-бугарскиот и во избезумена состојба повторно се вртат на нивните санстефански амбиции и желби кои и тоа како се ИЗМИСЛЕНИ и НЕРЕАЛНИ. Свесни за нивната иднина која и не е така светла почнуваат да бладаат и да паничат во една престижна светска институција како што е европскиот парламент подбуцнати од нивните топли браќа од југот и да ни штетат нам Македонците иако немаат никаква корист од тоа што го прават. Како и да е свеста кај Македонецот е голема и нема да се продаде на некој бугарин за бедни европски пари. Оваа порака е од мене лично кој им тврдам дека и да се последна држава во светот подобро ќе умрам одколку да се пишам бугарин. Бугарските власти треба да знаат дека во Македонија никогаш ни имало па ни ќе има бугари и им предлагам доколку сакаат да си ја спасат својата бедна вештачка нација под итно да го преземат следниов чекор:
-Одете си од териториите на Македонија (Пиринскиот дел) на Тракија и на Мизија во правец северо-исток. Во денешна Русија има република по име Татарстан која до пред стотина години се викаше Булгаристан. Тоа е вашата татковина тоа е територијата која ви припаѓа.
Престанете да ја силувате Европа и да правите циркус од Европскиот парламент и прифатетеја оваа искрена препорака од добронамерни соседи!
Од Авторот
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Мелез фиромски , ке цицаш татрскиот
ReplyDelete