Глас

За тоа што траело и ќе трае вечно - за Бога и Македонија!
Showing posts with label Колумна. Show all posts
Showing posts with label Колумна. Show all posts

Friday, May 4, 2012

Од аголот на еден студент

Македонија 2012. Се случија многу инциденти на меѓуетничка основа помеѓу Македонци и шиптари. Имаше тепачки, палење на знамиња, и на крај убиства. Најмногу нас Македонците не погоди убиството на 5 невини Македонци на Смиљковското езеро. И после сето тоа е добро познато. Имаше револт кај Македонците, излегоа на протести, на кои истите беа удирани од џандарите за кои во последно време немам многу позитивно мислење. Па после 3 недели збирање докази, џандарите го подобрија за нијанса впечатокот кој го имам стекнато за нив, со тоа што ги уапсија шиптарите одговорни за убиството. И после тоа како по обичај имаше политичко лижење на “газови“ од сите страни. Откако си ги излижаа истите, на сцена настапија шиптарите со најавен протест на денешен ден односно 4.Мај 2012. И така тие добри и посветени муслимани, протестот го закажаа за после попладневното перење на мозокот. И ете така околу 400 шиптари (со исперен мозок но не со исперена облека) и останати поддржувачи на нивните шовинистички идеи се упатија од некоја џамија кон основниот суд. Демек ќе протестираат против неправедното апсење на шиптарите кои ги убија децата. И така движејќи се терористичко-вахабистичката маса од шиптарски муџахедини покрај нивниот трговски центар „Бит-пазар“ собраа со нив уште околу 500-1000 други шиптари и заедно се упатија кон основниот суд.Значи толпа од околу 1000 шиптари (и кадро и некадро). Интересни беа нивните скандирања, интересни беа и нивните знамиња. Скандираа се и сешто од муслиманско-муџахедински пароли па се до учк и т.н.
Најтрагично од се беше тоа што од сите овие, буквално сите не знаеа зошто протестираат. Ама битно си излегоа на протести. Џандарите наши како и по обичај и покрај тоа што имаше инциденти од страна на шиптариве не употребија сила против истите,  бидејќи им е врежано во мозокот дека шиптарите се бели мечки и дека се заштитени со закон за ретки животни. А нашите протестанти ги бркаа и ги тепаа низ цело Скопје. И оп одма нијансата на подобрениот впечаток за џандарите наведен погоре се врати на првобитната состојба односно состојба на недоверба.
Но да се вратиме на моментите по протестов. Изгледа си кажаа што си имаа шиптариве и си се разотидоа. Попатно искршија по некој прозорец, превртија по некој контењер со цел да не заборавиме од каде дојдоа (се спуштија).
 И сега доаѓа на сцена интересниот дел!
Почнува македонскиот одговор на сево ова. А за почеток тоа е сајбер борбата. Иако и самиот јас несе согласувам во врска со тоа но сепак сум и јас вклучен во самото тоа преку блогови и форуми, иако искрено немам многу веме за тоа. И на почеток да ги спомнам новинариве. Секој си пиша шо си сака, битно утре весникот да се продади или вечерва нивните вести да се гледаат. Ама ако луѓето од тоа живеат, па ако има виша сила можи и од то и да умрат! И сега на сцена настапува нашиот отпор! Отпор против исламскиот фундаментализам и вахабизам.По обичај иако жално се спукавме меѓу нас и си дадовме по една придавка на патриоти и предавници. Откако навреме свативме дека сето ова води кон самоуништување и пропаст се одлучивме да превземеме било каква акција во врска со отпорот кон шиптарсково движење. И наеднаш некоја образована личност од еден форум предложи една многу симпатична акција која за волја на вистината позитивно ме изненади, иако не сум таков човек по природа. Несакам да го конкретизирам дејството на акцијата од причини што од спротивниот табор ќе прочитаат (тие што знаат) и ќе преземат мерки контра на нашите. Мислам дека доколку успее ова ќе има бар некој позитивен ефект. Но не смееме  да се откажеме после неколку дена, мораме да се бориме додека не успееме целосно.
Но како ќе го сториме тоа?  Како ќе имаме сили за тоа?
Има милиони начини на дејствување. Еден од нив е преку социјални мрежи. Но јас искрено не им верувам на истите и мислам дека тие се чиста стапица за следење на секој чекор. Истотака би сакал да се осврдна на одредени проблеми со кои се соочуваме ние Македонците и кои мораме да ги пребродиме ако сакаме да бидеме бедем на непријателот.
1. Ние страдаме од еден синдром што се нарекува самоподценување и самосожалување.
Тоа мора да престане. Мора да сватиме дека ако се жалиме и ако кукаме никој нема да ни помогне. Напротив уште толку ќе ни газат на вратот.
Зар им било лесно во турско,бугарско, србско или грчко време, кога исто како денес сме биле угнетувани и газени во сопственото парче земја? Не! Не им било лесно но издржале, издржале глад, издржале жед, издржале додека гледаат како нивните синови се јавно стрелани и бесени, издржале додека гледале како нивните сестри и мајки се силувани. Издржале и не ја изгубиле нивната револуционерна мисла.Не се предадоа.
Но зошто да се предадат?
Се што може да им им се случи е да бидат убиени. Но тоа и така ќе дојде, дали порано или подоцна.
Истотака се поставува прашање каде исчезна онаа студенска движечка сила? Каде е свежината на патриотизам кај студентите?Зошто нема студентски протести или тајни движења?Зошто нема студентски став во врска со настаниве?
 Каде исчезнаа внуците на македонските великани?
И еве самиот си го најдов одговорот. Бидејќи сите се политички активисти и со самото тоа се слепи следбеници на група манипуланти. Политика била, сеуште е и ќе остане курва.Никој ли несака да ги следи примерите на нашите македонски великани, кои ги жртвуваа својата младост и најблиски во остварување на идеите?
Зар ќе си дозволиме да ја изгубиме и оваа земја за која крвта ја пролеаја милиони Македонци низ вековите, во која се родија милиони други херои. Земјата која ги отвори портите на христијанството кон Европа.
2.   Потребни се свежи начини на борба.
Но како да дојдеме до тоа. Па јас мислам дека и тоа е најголемиот проблем. Во се мора да биде замешана политиката за жал. Со самиот влез на политиката во кружоците и организациите , влегуваат и  личните интереси а со тоа и предавствата и внатрешните пресметки. Но и покрај сите овие за жал реални негативности, можеме и мораме да мислиме позитивно. Ние потекнуваме од земјата на отпорот. Ако даваме отпор со векови, против империи, царства и разни други поробувачи. Ќе дадеме отпор и денес против овој денешен агресор. Не смееме да се предадеме, зошто тоа не е наша особина. Несмееме да дозволиме овие неписмени терористички формации да влеваат страв врз нашиот народ. Нека не мислат дека ко превртат два контејнери за отпад и ако скршат два прозори ќе не исплашат. Не! Тоа нема да се случи. Јас не се плашам во мојата татковина. Знам дека тие се повеќе уплашени од нас! Затоа да им го оправдаме стравот со тоа што ќе се обединиме и ќе им докажеме дека сме сплотени. Доста беше делење! Иако сите имаме свои разлики, сепак сите имаме едно нешто заедничко а тоа е Македонија. Ајде да ја направиме горда. Горда на своите сегашни чеда, како што беше горда на чедата од Илинден, АСНОМ, Солунските атентати и другите илјадници слични на нив.
Секоја забелешка, предлог и позитивна критика се добредојдени.

Автор: Македонски студент, син на невработени родители кој и покрај се не ја има изгубено љубовта кон татковината и не се предава.

МАКЕДОНИЈА НЕ ПРОСТУВА!

Monday, March 14, 2011

Пофалба на хипокризијата

„Гревот“ на Никовски е што како колумнист и пензионер не бил дипломат, т.е. не зборувал со Езопов јазик, туку без ракавици, и што наводно ги навредил нашите пријатели во Европа и во САД. Прогресивната јавност повеќе се шокира од тоа што Никовски го напиша, отколку што Стејт департментот реагираше на колумна


Повторно дилема! Која тема е поважна: говорот на омраза, говорењето вистина или лагата и хипокризијата? Говорот на омраза е тема што, за жал, станува актуелна пред и за време на избори, кога секој со прст покажува на другиот, но никогаш не помислува на сопствената реторика и пораки што ги испраќа во јавноста. Ова е доволна причина за загриженост. Но еднакво ме мачи и тоа што некои луѓе немаат „стомак“ за вистината. Таа ги боли, а тие се фини и претпочитаат куртоазија, иако знаат дека сето тоа е дел на една проѕирна претстава. Говорот на омраза, за жал, не е само локален, наш, туку глобален феномен. Неодамнешниот масакр во Тусон (Аризона) покажаа дека говорот на омраза не е само фактичка злоупотреба на слободата на говорот, туку е и специфичен (вербален) акт на насилство. А чекорот до фактичкото насилство е многу мал. Во ситуација на безидејност и/или отсуство на вистински алтернативи за проблемите, политичарите посегнуваат по докажано ефикасно средство за политичка комуникација, а тоа е емоционализацијата на политичкиот говор. Ако на оние што се несреќни или исплашени им се понуди „легитимна цел“ за напад (т.е. непријател), тие се будат од апатијата и политички се мобилизираат. Проблемот е во тоа што тие што користат говор на омраза и не мора да веруваат во тоа што го говорат, но врз нивната публика тоа има поинаков ефект. Таа понекогаш се чувствува „повикано“ да дејствува (од страв или од омраза, или парадоксално - од љубов кон вредности за кои и се вели дека се загрозени). Малкумина од оние што говорат помислуваат на сопствената одговорност или на тоа дека нивните „стилски фигури“ некој може да ги сфати буквално и да постапи според нив. Говорот на омраза често погрешно се поистоветува со отсуството на политичка култура или непристојниот, вулгарен и навредлив говор на јавна/политичка сцена. Ваквиот говор кај нас е дури и „нормален“, вообичаен. Го употребуваат и политичарите и медиумите и јавните личности, па дури и свештените лица. Она што говорот на омраза го одделува од „обичниот“ вулгарен политички речник е имплицитниот или експлицитниот повик за отстранување на оние што се стигматизираат како изроди, предавници, корумпирани или крадци (терминологијата и етикетите зависат од случај до случај - заедничко е тоа што „другите“ се посочуваат како непријатели кон „нашите“ вредности и виновници за „нашата“ несреќа).

Кај оние што претендираат дека се интелектуална елита, хипокризијата е многу попожелен, па и доминантен облик на јавна (па и приватна) комуникација. Таа креира параметри на политичка коректност, па дури и да се претвори во автоцензура. На вакво размислување поттикнува т.н. случај „Никовски“, кој ја разбранува јавноста, и како цунами стигна до Вашингтон. Дека колумништвото не е така наивна работа сум го искусила одамна, уште кога некој науми да ме исфрли од Хелсиншкиот комитет, а неодамна се повтори во вид на дисквалификации од колеги-професори, и тоа поради став искажан во колумна. Сум видела како најголемите волтеријанци се претвораат во одмаздливи ликови, само ако бидат допрени во болната точка или ако се препознаат во некој збор, дури и кога воопшто не биле инспирација за кажаното. Од бескомпромисни борци за демократија, човекови права и слобода на говор се претвораат во службеници на „Министерството на вистината“. Според Орвел, во време на општа измама кажувањето на вистината е револуционерен чин. Но „шокантноста“ на толку цитираната колумна на колегата (колумнист) се открива во фактот што станува збор за дипломат во пензија и за (сега веќе бивш) член на Советот за меѓународни односи на претседателот. Од аспект на неговата втора функција до некаде би разбрала ако неговиот „шеф“ од Водно се возбудеше и му ги истегнеше ушите. Но да му го одземете правото на пензиониран дипломат да пишува во свое име и да изнесува сопствени ставови ми се чини претерано! Сомневањата одат дотаму што врвен дипломат (а такви имаме многу малку) се смета за гласноговорник на политичките центри на моќ, па дури и за „спијач“ (во разузнавачки жаргон). Никој не се скандализира што проф. Мухиќ, во времето кога беше советник на претходниот претседател, имаше (и сé уште има) цврст став по однос на прашањето за непроменливост на името. Неговото објаснување беше дека своите ставови му ги изложил на тогашниот претседател, кој, пак, ги отфрлил идеите на советникот како неприфатливи. „Гревот“ на Никовски е што како колумнист и пензионер не бил дипломат, т.е. не зборувал со Езопов јазик, туку без ракавици, и што наводно ги навредил нашите пријатели во Европа и во САД. Прогресивната јавност повеќе се шокира од тоа што Никовски го напиша (без оглед дали е вистина или не, без оглед дали има слобода на говор), отколку што Стејт департментот реагираше на колумна (!?). Дисциплината на кичмата зела толкав замав што се смета дека сите треба да бидеме дипломати, да пазиме што и како зборуваме, а хипокризијата станала национална дисциплина. Знаеме дека во колумната има голема вистина, ама не било згодно да ја кажуваме гласно. Треба да шепотиме и „газиме по јајца“ од страв да не ја загубиле наклонетоста. Ако од нешто ми се преврте утробата, беше притисокот врз Никовски јавно да „признае“ колку добрини сме виделе, особено од Америте. Рефренот „Тенкју Америка“ е срамно ехо на понижувачкиот чин од ноември 2004-та, кога организирано се славеше признавањето на уставното име од страна на САД. Ни тогаш, а ни сега мислам дека некому треба(ше) да му пееме на плоштад во знак на благодарност што ни „признава“ нешто што е инхерентно природно право (според сите меѓународни норми), а уште помалку кога тоа име го користи само кога ни бара војници за Авганистан. Во однос на Фуере (со кого не се поздравив затоа што не бев меѓу поканетите на прием на кој беше дури и Груби) и јас напишав колумна во 2006 година. Опишав сцена во која јас и Исо Руси, среде лето, во 8.30 наутро, бевме на „пеглање“ поради критичките ставови во постизборниот извештај на Хелсиншкиот комитет, во кој се констатира замешателството во формирањето на владината коалиција. „Состанокот“ траеше многу кратко, затоа што не дозволивме да нé третираат со методи на некаков западнодемократски Це-Ка, но нема да го заборавам зацрвенетото од бес лице на Фуере, кој замина - без поздрав. Во пристојни земји, граѓаните не се заморуваат со имињата ни на своите политичари, а не пак со странски амбасадори. Но ние им дозволуваме да нé третираат небаре магариња, кои чекаат или стап или морков, виновни сме што ги помакедончуваме и пред нив се однесуваме со страхопочит, па дури и буренца со вино им местиме само да бидат задоволни и да кажат некој добар збор во Брисел/Вашингтон. Бах, авторот на „Галебот Џонатан Ливингстон“, вели дека најлоши се лагите што си ги кажуваме самите себеси. Поради нив живееме во одрекување на она што го чиниме, или дури и на она што го мислиме. Сега чекам реакции од „меѓународната“, разузнавачите, политички коректните... Дали сум и јас „спијач“, нечиј гласноговорник, или само некој што не е лицемер?

Авторката е универзитетски професор

Превземено од весникот Нова Македонија од ден 14.03.2011