Глас

За тоа што траело и ќе трае вечно - за Бога и Македонија!

Friday, March 11, 2011

КАКОВ ТАТКО ТАКОВ СИН





Македонија веќе стана позната како параспур држава во која место нејзиниот народ владеат било какви странци што ќе ни ги пратат од надвор. Од Кристофер Хил и шверцерот на цигари од Португалија кои ги правевме какви сакаат херои на нашата земја. Што и да ни кажат им се подмочувавме од радост. Генерациите што доаѓаат по нас ќе прашуваат како сме можеле да им дозволиме земјата која некои од нас едвај дочекаа да стане независна и самостојна од Србославија, и независна од Бугарија и од Грција, да ја направат лабораторија за испитување на сите геноцидни идеи кои не би помислиле дома да ги пробаат, или ако помислат, нивните граѓани ќе ги обесат на првиот плоштад.

Дојде потоа Лери Батлер со се мустаките, да направи воен бункер на сред Калето, и олеснувачите Леотар и Пердју. Каде е сега Леотар во Франција да бара државни вработувања за Ромите кои ги депортираат како во времето на Хитлер? Каде е Пердју да ни објасни како Љуботен воено злосторство, а бомбардирањето на Ирак и илјадниците убиени цивили не се воено злосторство?




Сите овие амбасадори и пратеници се ситна боранија за Ерван Фуере. Ирецот прави да почнеме жалиме по Батлер и по Леотар.

Дали некој кога давал агреман прашал кој е тој Ерван Фуере? Настрана тоа што едвај го избркале од Словенија, кога Ерван Фуере планира да ни каже дека неговиот татко е осуден фашист? Дека не е Ирец туку дека е Келт, или Бретонец? Дека е националист кој и ден денешен се бори за отцепување територии од Франција и од Велика Британија и за спојување со Ирска?

Фуере може да мисли дека сите во Македонија се како неговите купени слуги од СДСМ. Дека нема Македонци кои знаат да читаат на интернет и не знае дека има блогови и интернет сајтови кои се тука кога македонските медиуми не смеат нешто да објават.

Татко му на Ерван Фуере, Јан Фуере, денес има направено 100 години. Ако Европската Унија доброволно не ни го повлече син му, и ако сите Фуеровци се долговечни како него, нема никогаш да дочекаме да влеземе во ЕУ.



Јан Фуере е на чело на Фондација која се залага за отцепување на Бретоња од Франција, и за менување граници. Стариот Фуере не се ни родил во Ирска, туку е роден во Бретоња и цел живот се борел за нејзино отцепување од Французите и за правење на келтска супердржава со Ирска, со Шкотска и со Велс. Кога Франција се борела против фашистите во Втората Светска ВОјна, Бретоњците на Јан Фуере од зад грб ги саботирал Французите. Германците барале слуги да им помогнат полесно да ја окупираат Франција и ги лажеле Бретоњците дека ќе им дозволат да формираат нивна држава. За карактерот на Фуеровци најдобро зборува што тие се нашле да им помогнат на фашистите.

Фуере може нас да не учи дека не чини тоа што бараме историски корени и што зборуваме за славното македонско минато, а неговиот татко цел живот работел за копање по келтските корени и учење дека Бретонците се постари и попаметни од Французите. Да му ставиме една статуа на Астерикс и Обеликс на мостот Гоце Делчев и веднаш Фуере ќе се сврти по проектот Скопје 2014.

За памет за сите што мислат да си ја предадат државата и да им служат на надворешни непријатели, Фуеровци никогаш не си ја добиле својата независна Бретоња од фашистите.


"In particular I would point to three Bretons - Yann Goulet, Alan Heussaff and Yann Fouere - who were respected members of the republican-nationalist cultural establishment. Contrary to a carefully cultivated impression these three (a) were not noble Breton nationalists but collaborated with the Nazi security forces in Brittany and (b) enjoyed the esteem of what I call armchair Ailesbury Road republicans until the end. http://www.independent.ie/opinion/analys...21051.html

Откако ги искористиле како петта колона против Франција, Германците ги отфрлиле како отпадок. Стариот Фуере и неговите пријатели бретоњски востаници останале да си сонуваат за државата што требало да им ја дадат Германците.




Кога Американците ги избркале Германците од Франција, татко му на Фуере, како слуга на фашистите, требало да го снајде заслужената казна. Синот Фуере сега ни зборува за Хашки трибунали и за тоа како цел народ треба да одговара за воени злосторства, а неговиот татко побегнал од францускиот суд кој по војната требало да му суди за помагање на фашистите и окупаторите. На страницата на неговата Фондација пишува дека чекал да му се роди синот Ерван, па да побегне во Велика Британија и под лажно име да се крие од правдата и да продолжи да работи на своите националистички планови и да чека некој друг да дојде да му помогне да прави нови држави и да прекројува граници. Кога Британците сфатиле што човек се крие кај нив, стариот Фуере побегнал во Ирска и така Ерван и неговите браќа и сестри станале Ирци и подоцна големи Европејци.



Што кажува за една држава кога како амбасадори и праќаат луѓе како Ерван Фуере, кои не ги кријат своите политички агенди и планови? Кои кријат за националистичките и фашистички планови на родителите и кои бегаат од правдата? Нели криење од суд е признавање на вината? Во ваква ли Европа треба да влеземе и по која цена? Уште потоа се прашуваме какви луѓе треба да дојдат да ни зборуваат за идеи за промена на името, за менување на нацијата, на народот и на јазикот. Ако некој го праша синот Фуере за татко му, сигурно ќе каже дека се борел за правата на неговите луѓе, дека се припадници на мал, древен народ на кој му се заканувало претопување од Французите и дека затоа работел за фашистите. Ако во семејството Фуере толку се грижат за правата на Бретоњците зошто сега не се грижи за правата на Македонците, кога ни се заканува геноцидно уништување и претопување? Каде се нивните принципи за мал народ како нашиот кого Грците решиле да го уништат? И како ќе оправдаат тоа што Европа не сака да слушне за нашите права, што сите правила ги измени по ќеиф на Грците, за да не можеме да станеме членки како нив на НАТО и на ЕУ, и од сите народи во ЕВропа, ние само да не можеме да бидеме рамноправни?

Превземено од форум-котле!

No comments:

Post a Comment