Глас

За тоа што траело и ќе трае вечно - за Бога и Македонија!

Wednesday, January 26, 2011

До Македонците

Нека сите разберат дека немало време кога не сме биле и нема да дојде време,кога нема да бидеме.Во текот на своето многувековно постоењенашиот народ издлабил длабока,неизбришлива трага во историјата на човештвото.Целиот свет знае за величието на древната македонската култура и за моќта на македонската империја,создадени од македонскиот народен дух и затоа никој не е во состојба да го избриши името на Македонија и Македонците од историското и од културното битие на човештвото.Македонскиот народ е народ-маченик. Тој заслужува да биде сакан и тоа од се срце, сеоддајно,бескрајно. Очите на мајка Македонија се свртени кон нас Македонците и ние треба да ги оправдаме нејзините надежи.Нека не се срамуваме од нејзиното страдание, затоа што нејзиното страдање е и наше страдање, страда ли таа - страдаме и ние.А нејзините рани не се малку.Нема веќе здраво место по снагата и. Секоја рана - удар од враг.А колку многу боли кога е од свој.Но да не зборуваме за нив, бидејќи среќата на нивниот живот е во нивниот стомак, а славата им - во нивниот срам.Деновите нивни се на привршување, а крајот им - сосема близу.Тие ке загинат и ништо нема да остане од нив,а достојните, макар и да загинат, пак ќе оживеат.По нив ќе дојдат други и редовите нивни ќе се умножат и заздрават.Секое добро дрво дава добар плод. А колку добра е мајка Македонија! Кој ќе се осмели да каже дека таа раѓа само предавници? Добрата мајка добри синови раѓа и тие нема да ја заборават.Ние Македонците знаеме да сакаме и затоа нашиот народ е горд поради своите чеда. Браќа Македонци, нека да ја заслужиме гордоста на нашиот народ-маченик.Живееме ли - за Македонија да живееме.Умираме ли - за Македонија да умреме. Така што живи или мртви - на Македонија да и припаѓаме.

No comments:

Post a Comment