ИНТЕРВЈУ СО ПРОГОНЕТИОТ АЛБАНСКИ АКАДЕМИК ПРОФ. Д-Р КАПЛАН РЕСУЛИ- БУРОВИЌ
Албанците имаа силна моќ за асимилација
Професор д-р Каплан Ресули е познато име во албанската наука и култура. По неколку бурни децении поминати во Албанија, од кои најголем дел како политички затвореник на Енверовиот режим, веќе десетина ...
- Од кога всушност датира најстарото сведоштво за постоењето на Албанците и на албанскиот јазик?
-Најстариот евидентиран текст на албански јазик е Формула е паљезимит (=Формула за причестување), преведен од латински на албански јазик на 8.11.1462 год. од Црногорецот Павле Анѓелиќ, кого Албанците го албанизираа под името Пал Енгј?ли. Првата книга на албански јазик МЕСХАРИ (Книга со Миси), прирачник за верска проповед, датира од 1555 год., а напишана е од Хрватот Иван Бузук и објавена во Црна Гора. И него, се разбира, го албанизираат под името Гјон Бузуку. Колку да знаете, и првиот буквар на албански јазик, по прогласувањето на независноста на Албанија е дело на Словени и Власи. Доситеј Обрадовиќ е човекот кој прв во историјата отвора училиште на албански, додека токму Србија беше првата држава што ја призна независна Албанија. Македонците имаат особено учество во изградбата на албанската култура. На пример, еден од најстарите книжевници на Албанија е Македонецот Петар Буди (1566-1622) кој има објавено и три книги на албански јазик, а Македонец е и Јован Кукузел, кого Албанците исто така го присвојуваат и албанизираат под божемното име Јан Кукузели иако се знае дека тогаш кога тој се родил во Драч, ЏИ век, тука се уште нема ниту еден единствен Албанец. Да ве потсетам само уште на Григор Прличев (1830-1893), кој извесно време е и учител во Тирана, кој ја објави и прекрасната поема СКЕНДЕРБЕГ.
Неспорен е фактот дека секогаш на чело на своите позитивни процеси Албанците имале имено неалбанци. Да ги споменеме во оваа прилика уште само Ѓорѓи Кастриот-Скендербег, со несомнено словенско потекло, па Наим Фрашери (Влав, албански национален поет) или Фан Ноли (Грк, вистинското име му е Теофан Мавроматис), Петар Богдан, Србин, или Исмаил Кемали, Турчин, кој ја прокламираше албанската независност 1912 год. Како што гледате, темелите на албанската култура и државност се удрени од неалбанци, при тоа голем број од нив Словени, но тоа воопшто не им пречи на албанските националисти или "марксисти-ленинисти", сеедно, да се удираат в гради дека се сами постигнале и дека другите народи, особено соседите Словени, им биле само непријатели.
- Непобитен е фактот дека и во самата Албанија топонимијата речиси без исклучок е словенска. На што се должи тоа?
- На територијата на денешна Албанија, како што тоа веќе го потврдија најистакнатите светски научници, од кои дел веќе споменав, први се населиле Словените. Во 548 год. од н.е. тие влегуваат и во Дуррацхиум (Драч, Дурр?с). Албанците доаѓаат преку Трансилванија (Романија) и Бугарија дури во ИЏ-Џ век. Во меѓувреме, се разбира, Словените веќе ги именувале сите планини и долини на Албанија, сите реки, градови и села, па изградиле и нови, давајќи им свои, словенски имиња. Кога Албанците доаѓаат на Балканот и во сегашна Албанија не им преостанува ништо друго освен од Словените да ја преземат таа топонимија. Голем дел од Албанија е преплавен од српски и од македонски топоними. Само за пример да ги наведам градовите Поградец, Кор?а, ?оровода, Берат, Бозиград, Лесковик, Воскопоја, Ку?ова, Келцира, Белс и др.
- Во македонската јавност малку е познато дека над 90 проценти од лексичкиот фонд на албанскиот јазик се зборови преземени од други јазици. Вие особено ја имате анализирано темата на словенизмите во албанскиот јазик. Би било интересно да се проговори нешто повеќе за тоа.
- Прв пат и дипломирав во Скопје токму со темата "Словенизмите во албанскиот јазик". И втората диплома, на Универзитетот во Тирана, ја одбранив со тема од лингвистиката. Особено во РЕЧНИКОТ НА АЛБАНСКИОТ ГОВОР ВО УЛЦИЊ ја имам обработено етимологијата речиси на сите зборови. Всушност, може да се претпостави дека, доколку Турците не дојдеа на Балканот, албанскиот јазик за не повеќе од 100-200 години целосно би се словенизирал. Српскиот, македонскиот и бугарскиот јазик толку длабоко беа навлегле во албанскиот што ја имаат преплавено не само лексиката, туку ги имаат изместено и неговата фонетика, морфологија и синтакса. Освен на значајниот културен престиж на овие јазици во однос на албанскиот, ова исто така се должи и на значителната албанизација на не мал број Срби, Македонци и Црногорци, особено оние веќе претходно исламизирани. Како што е познато, Албанците имаат силно развиена моќ на асимилација. Дека тие во добар дел се по потекло Срби, Македонци или Црногорци, сведочат и нивните патроними, презимиња, а многумина од нив и ден-денес дома си го зборуваат словенскиот јазик. Во Албанија има цели региони долж границата, особено кон Македонија, населени со компактно словенско население, кое е побројно дури и од, да речеме, Албанците во Македонија.
- Да проговориме нешто и за бројните етноними кои од страна на Албанците, често пати неосновано, се наметнуваат како синоними. Од каде всушност толку многу етнички имиња за Албанците?
- И тоа сигурно сведочи за самата етногенеза на Албанците по нивното доаѓање на Балканот и населувањето на северноалбанските планини. За Илирите веќе споменав, а вториот етноним на кој претендираат, Дарданците, познато е, не биле Илири туку Тракијци. Па и да биле Илири, повторно немаат никаква врска со Албанците, зашто таква врска немаат ниту самите Илири. Науката тоа веќе сосем јасно го докажа. Што се однесува до Албаноите, тие се келтско племе кое на територијата на сегашна Албанија, во областа Мат, стигнува во ИВ век пред н.е. Денешните Албанци, всушност, единствено, многу, многу, подоцна го преземаат нивното име, слично како сегашните Бугари од несловенските Аспарухови Бугари, или сегашните Французи од старите германски Франки, деформирајќи го старото келтско име во Арб?н/Арб?р. Арбанаси е следното нивно име со кои ги нарекуваат нашите предци, Словените, во текот на средниот век. Арнаути е името со кое ги нарекуваат Турците. Треба да се знае дека не биле сите Арнаути во исто време и Албанци. Бидејќи Арнаутите (Албанците) се афирмирале во Турската империја како наемници, почнале и сите други наемници да ги нарекуваат Арнаути. А тоа значи дека имало и Срби, Црногорци и Македонци АРНАУТИ, зашто и делови од нив се исламизираат, па како муслимани служат под турското знаме не само како обични војници туку и како арнаути (=наемници, мерценари). Скиптар (или Шиптар и деформирано Шифтар, сите потекнуваат од албанскиот апелатив Схљип?тар) е денешното национално име на Албанците, меѓу нив распространето во ЏВИИИ-ЏИЏ век, а под влијание на името Осман, како што се нарекувале Турците. Имено, осман на турски е "орел", додека на албански "схљипе". Така Албанците од муслиманска вера сакале да се поистоветат со муслиманите Турци, што била цел и на Портата, па дури и на оригиналната платформа на Призренската лига, која изворно воопшто не е албанска туку Панисламска. Дури, доколку нејзините првични заложби успееја Албанците најверојатно веќе немаше да ги има зашто сите тие во меѓувреме ќе станеа Турци.
- Тука е секако и познатата поделба Геги-Тоски од што произлегува и познатото јазично прашање кое, се чини, се уште не е надминато меѓу Албанците?
- Јазичниот спор во Албанија и денес не е разрешен. Иако службено (и насилно!) Енвер Хоџа го воспостави за заеднички, официјален јазик, тоскинскиот дијалект (до тогаш беше гегинскиот) Гегите не се предаваат. Тие и ден-денеска продолжуваат да го зборуваат и пишуваат својот дијалект, иако се прогонувани за тоа и малтретирани. Во 1965 год. кога во Албанија на гегински дијалект го објавив романот "Предавство" Албанците од северна Албанија јавно побараа јазикот на овој роман да се прогласи за литературен и службен јазик на Албанија. И тоа беше една од причините за мојата сатанизација што трае се до денес.
Треба да знаете, инаку, дека разликите меѓу гегинскиот и тоскинскиот дијалект се многу поголеми отколку разликите меѓу некои словенски јазици, на пр. македонскиот и српскиот. Од друга страна, повеќе Албанци, околу две-третини, зборуваат гегински, кој е лексички побогат, почист, а има и многу поголеми изразни можности. Со наметнувањето на тоскинскиот дијалект, што имаше и има чисто политички карактер, се прави едно злосторство врз Албанците и врз нивната култура.
No comments:
Post a Comment