Земи ги... очиве
моиве две остри сабји
нанижи си ги како два...
златни синџири
околу твоите бели гради.
Земи ја... устава
од неа вода да пиеш
јас ќе си одам в планина
и ќе ти бидам комита.
Јас сум ти твојот комита
Ристо Беломорски,
од Грамос и Вичо Планина
роден во време опасно,
време комунистичко.
Комунистиве глава кренаа
и мене в зандана турија
за моја жална
Македонија.
Комунистиве ми даваат
рубата комитска
да се претворам во
Турунџе
да се претворам во Гули
војвода
за да си ладам душава
душава моја изгорена.
Не сум ти јас Турунџе
ниту сум Гули војвода
јас сум си самиот комита-
Ристо Беломорски
Дај ми го....шмајзерот
јас да си одам в планина
там да си најдам дружина
дружина одбор комити.
На Грамос
ќе најдам Делчета
на Пирин ќе најдам
Сандански
на Бигла ќе најдам Јордан
Пиперка.
Дружба да дружам
со комити
дружба да дружам,
бој да си бијам
бој да си бијам со три
ламји со три аждаи
со варварите, татарите и
србоманите
што ми грабнаа убава
девојка,
ја грабнаа и оковаа со три
синџири.
Роб робува убава девојка
роб робува седумдесет
години.
Дај ми ја....сабјата
сабјата дипленица
да си искинам синџири
седумдесетгодишни
да си ослободам девојка
робинка
девојка робинка - лична
Македонија.
Земи ги........очиве
моиве две остри сабји
нанижи си ги како два
остри синџири
околу твоите бели гради.
Земи ја........устава
од неа вода да пиеш
јас ќе си одам в планина
и ќе ти бидам комита.
Јас сум ти твојот комита
Ристо Беломорски
од Грамос и Вичо
Планина.
Глас
За тоа што траело и ќе трае вечно - за Бога и Македонија!
Showing posts with label Поезија. Show all posts
Showing posts with label Поезија. Show all posts
Monday, February 14, 2011
Sunday, January 30, 2011
СМРТТА НА ГЕМИЏИИТЕ
На бронзени штитови предвостанички
победници
легија од војводи со молитви за космос не носи
од запален Солун по Вардар буен непокор
ладен
последен марш кавалерија лесна в галоп
со стрели од бол на цигулка спас ни свири
ја презираме смртта и ако го изгубивме бојот
адот на ропството за експлозија и мртов
атентатор
е плашило сред вишни спили за мртви души
в мир ќе мируваме в сопствен оган и амин за
утре
со земја над гробје и сонце в небо.
БЕЛОМОРСКА ЗОРА
Два вола
го влечкаат ралото
по запалено стрниште
Крај Морето
стои жена
забрадена во црн сон
Измислено сонце
во очите на орачот
пламти
Те љубам зоро беломорска
за смрт гемиџиска
што молчиш.
го влечкаат ралото
по запалено стрниште
Крај Морето
стои жена
забрадена во црн сон
Измислено сонце
во очите на орачот
пламти
Те љубам зоро беломорска
за смрт гемиџиска
што молчиш.
Saturday, January 29, 2011
ВО СОНОТ СОН
Кога сонот е сон за кучешки лаеж од дворје
ширно,
кога злоба до злоба сјае в уткини очи над
покрив сламен
и прокоба јазди в неспокој птичји по сончев лет
ил ден зад ден некој стрелба што крие на
банички куршум,
во сонот сон ме буди ат да јавнам на крстодрум
таен
од сто друмје на ајдучки маки од димни гори
самоилски,
да завеслам в сонот со војводски кораб по
копнеж
на далга бела од Бело Море и бела рида
на Пирина вишна,
ат да јавнам на крстодрум таен по Гоцева
ѕвезда
скриена в мечти на гурбетски народ по бела
дуња,
во сонот сон што сони за ден пред денот
ЕГЕЈ ПИРИНСКИ.
Панде Манојлов
ширно,
кога злоба до злоба сјае в уткини очи над
покрив сламен
и прокоба јазди в неспокој птичји по сончев лет
ил ден зад ден некој стрелба што крие на
банички куршум,
во сонот сон ме буди ат да јавнам на крстодрум
таен
од сто друмје на ајдучки маки од димни гори
самоилски,
да завеслам в сонот со војводски кораб по
копнеж
на далга бела од Бело Море и бела рида
на Пирина вишна,
ат да јавнам на крстодрум таен по Гоцева
ѕвезда
скриена в мечти на гурбетски народ по бела
дуња,
во сонот сон што сони за ден пред денот
ЕГЕЈ ПИРИНСКИ.
Панде Манојлов
Subscribe to:
Posts (Atom)