На бронзени штитови предвостанички
победници
легија од војводи со молитви за космос не носи
од запален Солун по Вардар буен непокор
ладен
последен марш кавалерија лесна в галоп
со стрели од бол на цигулка спас ни свири
ја презираме смртта и ако го изгубивме бојот
адот на ропството за експлозија и мртов
атентатор
е плашило сред вишни спили за мртви души
в мир ќе мируваме в сопствен оган и амин за
утре
со земја над гробје и сонце в небо.
No comments:
Post a Comment