Глас

За тоа што траело и ќе трае вечно - за Бога и Македонија!

Monday, February 14, 2011

Песна од Ристо Шишков

Земи ги... очиве
моиве две остри сабји
нанижи си ги како два...
златни синџири
околу твоите бели гради.
Земи ја... устава
од неа вода да пиеш
јас ќе си одам в планина
и ќе ти бидам комита.
Јас сум ти твојот комита
Ристо Беломорски,
од Грамос и Вичо Планина
роден во време опасно,
време комунистичко.
Комунистиве глава кренаа
и мене в зандана турија
за моја жална
Македонија.
Комунистиве ми даваат
рубата комитска
да се претворам во
Турунџе
да се претворам во Гули
војвода
за да си ладам душава
душава моја изгорена.
Не сум ти јас Турунџе
ниту сум Гули војвода
јас сум си самиот комита-
Ристо Беломорски
Дај ми го....шмајзерот
јас да си одам в планина
там да си најдам дружина
дружина одбор комити.
На Грамос
ќе најдам Делчета
на Пирин ќе најдам
Сандански
на Бигла ќе најдам Јордан
Пиперка.
Дружба да дружам
со комити
дружба да дружам,
бој да си бијам
бој да си бијам со три
ламји со три аждаи
со варварите, татарите и
србоманите
што ми грабнаа убава
девојка,
ја грабнаа и оковаа со три
синџири.
Роб робува убава девојка
роб робува седумдесет
години.
Дај ми ја....сабјата
сабјата дипленица
да си искинам синџири
седумдесетгодишни
да си ослободам девојка
робинка
девојка робинка - лична
Македонија.
Земи ги........очиве
моиве две остри сабји
нанижи си ги како два
остри синџири
околу твоите бели гради.
Земи ја........устава
од неа вода да пиеш
јас ќе си одам в планина
и ќе ти бидам комита.
Јас сум ти твојот комита
Ристо Беломорски
од Грамос и Вичо
Планина.

Петар Манџуков еден од првите македонски револуционери-анархисти

Петар Манџуков еден од првите македонски револуционери-анархисти


petar-mandzukovПетар Георгиев Манџуков (с. Мирковци, Скопско, 27/13. VII. 1878 – ?/ 1. I.1966) – е македонски револуционер - анархист, активен учесник во македонското револуционерно движење во илинденскиот период. Бил активен член на Македонскиот таен револуционерен комитет од Женева, а повремено и придружник на Гоце Делчев. Автор е на мемоарската книга „Предвесници на бурата“, во која со префинет и истанчен вкус раскажува возбудливи настани од поновата историја на Македонија. Пишувал на бугарски и македонски јазик.

Петар Манџуков е роден во 1878 година во скопското село Мирковци на Скопска Црна Гора. Внук е на митрополитот Натанаил Охридски и Пловдивски од село Кучевиште (познат како Натанаил Кучевишки или Натанаил Зографски), кој го доведува уште како мал во Пловдив, каде завршува основно образование. Секогаш подружуван и задоен со македонски дух од страна на од својот вујко, митрополитот Натанаил, Манџуков една година во учебната 1894/95 учел во Военото училиште во Софија, каде за првпат учествува во патриотскиот кружок на Васил Главинов. Потоа продолжил во гимназијата во Пловдив, каде заедно со Михаил Герџиков го основаат првиот ученички анархистички кружок во Бугарија.

Поради револуционерна активност во месниот анархистички кружок, во есента 1895 година Манџуков бил истеран од V клас на пловдивската гимназија. Манџуков своето образование го продолжил во Казанлак и Лом, но ни таму не останува мирен и основа анархистички кружоци, кои подоцна ќе се прошират низ цела Бугарија. Откако повторно бил исклучен од училиштето во Казанлак, по наредба на судот во Стара Загора, своето образование го продолжил во Лом. По завршувањето на Педагошкото училиште во 1898 година, во Лом, заминал да студира хемија на Универзитет во Женева, Швајцарија, каде останува верен на своите револуционерни активности. Станува член на Македонскиот таен револуционерен комитет од Женава, на т.н. женевска група.

Основата на оваа женевска група е директно поврзана со тајниот кружок во Пловдивската гимназија од 1896 година. Иако поголем дел од групата се наоѓа на студија во Женева, всушност по доаѓањето на Михаил Герџиков и Петар Манџуков во 1898 година, а под влијание на руските револуционери со кои стапиле во контакт, го реорганизираат овој анархистички кружок во Женева кој имал за цел преку внатрешна револуција да ја ослободи Македонија.

Писмото на Петар Манџуков ипсратено до Константин Кирков најдобро зборува за ставот на МТРК во однос на начинот како треба да дојде ослободувањето на Македонија. Групата своето внимание го насочува кон Европа и нејзиниот однос кон македонското прашање, па затоа Манџуков меѓудругото во своето писмо вели: „.. Дотолку позагрижувачки е поведението на Европа која за сметка на своите сомнителни интереси го заборава својот долг кон еден мал народ во срцето на светот. Ми се чини дека нашата должност во моментот е борбата да ни биде свртена кон таа Европа која одлучува за судбината на нашиот народ, а потоа борбата со Турците ќе биде беспредметна. .... Ние сакаме да жртвуваме сопствени, а не туѓи животи... и преку нашата крв да го свртиме вниманието и симпатиите на човекољубивата Европа .“

pecatМакедонски таен револуционерен комитет (МТРК) презема конкретни мерки за дооформувањето на организацијата и го формира весникот „Отм’штение“ (Одмазада) со поднаслов „Орган на македонските револиционери-терористи“. Петар Манџуков учествувал во уредувањето на весникот „Отм’штение“, а во тоа време ги превел од француски на бугарски брошурата на Себастиен Фор „Престапите на Бога“ и од руски „Речта на Емил Анри“. И двата преводи му ги доставил на Гоце Делчев за да ги публикува.

Кон крајот на 1898 година Петар Манџуков се вратил во Македонија, со задача да формира анархистички кружоци во Педагошкото училиште во Скопје и егзархиската гимназија во Солун. Во овој период во Македонија доаѓа и Михаил Герџиков кој станува учител во Битола. На средбите на Герџиков со Гоце Делчев дошло до договор за за самораспуштање на МРТК и поголем број на нејзините дејци се приклучиле на Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет.

На почетокот на 1899 година, за време на учителствувањето во Скопје, Манџуков ја пишува брошурата „Азбука на анархистичкото учење“, потребна за пропагндни цели на формираниот анархистички кружок. Поради неговата револуционерна активност бил затворен, но по неколку месеци поминати во затвор, Манџуков бил ослободен поради недостиг од докази и во мај 1899 година е протеран во Бугарија. Таму се приклучува на четата на Гоце Делчев и заедно со него, Славе Мерџанов и Петар Соколов, неколку месеци крстосувал низ Македонија.

Иако МТРК не постигнал големи резултати, со својата дејност оставил силни траги врз македонското револуционерно движење. Оваа организација ја поставила идејната основа на Гемиџиите и директно влијаел врз нивната активност. Петар Манџуков и Славе Мерџанов се сметаат за основоположници на Гемиџиите. Ова најдобро може да се види од учеството во подготовките за диверзантските акции во Цариград во 1900 година.

Петар Манџуков кој учествувал многу активно во македонското револуционерно движење, не се откажал ниту основните начела МТРК, односно со разни активности да да се привлече вниманието на Европа. За таа цел кон крајот на 1889 и почетокот на 1890 година заедно со Славе Мерџанов тајно работат на прокопувањето на тунел до Отоманската банка за да ја минираат. Подоцна се приклучува и анархистот Павел Шатев. Акцијата доживеала целосен неуспех по случајното откривање на тунелот за време на пожар кој избувнал во близина на Отоманската банка. Главните актери биле уапсени, но по интервенција на бугарскиот дипломатски преставник Иван Гешов, тие биле екстрадирани во Бугарија.

Петар Манџуков не мирува ниту по ова апсење и продолжува да превзема нови акции. Иако бил против кревање на Илинденското востание, учествувал во извршувањето диверзии на железничките линии со што би се оневозможило префрлување на турските воени сили. Последната негова активност во 1903 година била кај градот Кулели Бургаз Тоа е воедно и неговата последна таква акција. Веста за смрта на Гемиџиите и неуспехот на Илинденското востание длабоко го потресува.

По повеќегодишен прекин, завршил шумарство во 1909 година на Универзитетот во Ненси во Франција и се вратил во Бугарија, каде што работел како шумарски инжинер. Меѓу двете светски војни живеел во Пловдив, каде што и починал во длабока старост, во 1966 година.
Петар Манџуков оставил зад себе богата прозна билетристика и мемоаристика, како и преписка со македонските револуционери. Спаѓа во категоријата автори со префинет и истенчен вкус. Автор е на две дела. Во 1947 година ја издава книгата „Одисеја на првите“ која е посветена на првите шумари на Бугарија и петтомна мемоарска проза „Предвесници на бурата“ (1993), каде раскажува возбудливи настани од поновата историја на Македонија. Оригиналот на ова дело заедно со целокупната пишана оставнина се наоѓа во архивот на градот Пловдив.

Јас сум Македонија!

МАКЕДОНЕЦ сум затоа што:
Сум МАКЕДОНЕЦ по род, култура, историја, традиција!
Зборувам MАКЕДОНСКИ!
Ја чувствувам крвта МАКЕДОНСКА во моите вени!
Сум од родот древен на Филип и Александар!
Сум МАКЕДОНИЈА - земја библиска, една и единствена, од секојпат и за секојпат!

Ги има изроди што велат
МАКЕДОНИЈА не е МАКЕДОНИЈА, а
МАКЕДОНЦИТЕ не се МАКЕДОНЦИ!
Сочувствуваме со нивниот таксират!
Ако не го чувствуваат исконското во себе, не можеме да им помогнеме!
Некому со сила можете да му земете, не можете да му дадете!

Луѓето се раѓаат, живеат и создаваат со Божји аманет!
Да не ги заборават делата на оние пред себе!
да не плукнат на нивниот самопрегор, визија и жртва!
Божји аманет е да остават вредност зад себе, кога веќе ќе нè нема!
Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите!
Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг!

Вредни сме во светот и вредни сме за светот се додека го негуваме чувството МАКЕДОНСКО во нас!
Само како МАКЕДОНЦИ сме вредност за сегашните и идните генерации!
Само како МАКЕДОНЦИ можеме да го почитуваме другиот и да се грижиме за неговото добро како што се грижиме за своето!

Не ни е сеедно!
Името и идентитетот не се наша сопственост!
Како МАКЕДОНЦИ денес, сме ги наследиле од МАКЕДОНЦИТЕ што биле и сме ги позајмиле од МАКЕДОНЦИТЕ сè уште неродени!

Ги сакам другите оти го ценам мојот корен.
Го сакам светот оти ја сакам мојата земја.
Го сакам животот оти е Божји дар.
Ја сакам МАКЕДОНИЈА оти тоа сум ЈАС!

Затоа, мои МАКЕДОНЦИ, но и сите Вие драги браќа и сестри со вера во Бога, ве повикувамe да се придружите кон овој



А М А Н Е Т

1. Ни името ни идентитетот МАКЕДОНСКИ не се ни проблем ни прашање! Не се проблем ни за 127 држави во светот. Проблем можат да бидат само за оние што не се сигурни кои се и зошто се! Да нема недоразбирање: Името и идентитетот МАКЕДОНСКИ не се на продажба ниту пак се тема за расправа!

2. ЕУ и НАТО се заедници на достоинствени нации кои знаат кои се и што се. Како такви нè сакаат и нас. Тие што не се доследни кон себе, нема да бидат доследни и чесни ни кон другите. Само како МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИ сме придобивка за Европа и светот!!!

3. Сме за разумен компромис до кој треба да стасаат со себе самите оние, кои несигурни во сопствениот идентитет, патетично го негираат нашиот. Имаме сочувство и разбирање за нивниот таксират, но и цврста верба дека еден ден, не многу далечен, ќе смогнат разум и храброст да се соочат со реалноста дека МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ постојат и ќе постојат, како нивни искрени соседи и пријатели!!!

4. Под името МАКЕДОНСКО нè препознаваат на сите меридијани на оваа наша планета, една и единствена, како што и името ни е едно и единствено!

5. МАКЕДОНЕЦ е роден водач и победник, одговорен кон себе, кон блиските и кон сите што Бог ги создал. МАКЕДОНЕЦ е втор збор за креација, бистра мисла и чисто срце, за сомилост, но токму затоа и за строгост, кон себе и кон другиот. МАКЕДОНЕЦОТ создава и остава зад себе цивилизациски дела, споделува и поучува, насочува и втемелува. Тоа е генетскиот код на МАКЕДОНЕЦОТ!!!

Човекот во Стариот Завет бил восприеман според принципот:

„какво е неговото име, таков е и тој“

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА !!! И ЕДИНСТВЕНА!!!

Friday, February 4, 2011

Гоце Делчев

Тркалезна Маса

Денес во Битола беше одржана тркалезна маса во чест на животот и делото на Павел Шатев еден од плејадата на илјадниците истакнати Македонци и Македонисти кои целиот свој живот  го посветија на вековната борба која води кон само една цел -ослободување и обединување на Македонија во своите природни граници!

Wednesday, February 2, 2011

Ова ли е Европа?

На 31.01.2011 г. сутринта служители на Държавната агенция за национална сигурност (ДАНС) са нахлули в печатницата на фирма „Ираник – М” гр. Благоевград и без да покажат заповед и да дадат нщкакво обяснение са конфискували току що отпечатения и все още неразпространен брой на бюлети „Македонски глас“ в пълния му тираж от 2500 екзепляра, посветен главно на преброяването на населението в България, което започва на 1 февруари 2011 г. Директорът на печатницата Стоян Николов Михайлов и още един работник са били отведени от хората на ДАНС и са задържани през целия ден като са ги карали да пишат обяснения във връзка с отпечатването на бюлетина. През цялото това време служителите на ДАНС отказали да покажат каквато и да било заповед и да дадат каквото и да било обяснение за незаконните си действия.
Конфискувания бюлетин не е върнат.
В прокуратурата е внесена жалба от издателите на бюлетина.

„Македонски глас“ е безплатно некомерсиално издание посветено на положението и правата на македонското малцинство в България, изповядващо принципите на деморкацията и правата на човека, което излиза вече шеста година. Със съгласието на издателите – Пирински македонски информационен център публикуваме конфискувания брой в PDF формат

За Методи Патчев